Audi ќе прави и компактен електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen групацијата планира да понуди на пазарот најмногу 30 нови електрични возила до крајот на 2025 година, а најголемиот дел ќе дојдат токму од делот на Audi.
Уште лани главниот извршен директор, Руперт Стадлер откри дека првите три електрични возила ќе бидат претставени до 2020 година. Првиот ќе биде СУВ возило што според димензиите ќе се позиционира меѓу Q5 и Q7 и се претпоставува дека ќе го има името e-tron.

Зборувајќи за медиумите на саемот во Женева, Стадлер потврди дека откако ќе биде промовиран овој СУВ ќе следува и електрично возило што најверојатно ќе биде од компактната класа што ќе се спротистави на BMW i3 и во помала мера на Chevrolet Bolt EV.

„Се надевам дека ќе ве изненадиме во текот на 2017. А потоа се разбира нашата мисија е да имаме возило на батерии во сегментот на компактни возила, изјавил Стадлер.

Тој објаснил и некои детали од планот велејќи дека целта нема да биде да се направи возило што ќе може да се вози повеќе од 450 км. туку според него доволни ќе бидат и околу 300-350 км. Истовремено ќе има и различно ниво на опрема со цел да не биде многу високата цената на чинење.

Платформата за новиот електричен компакт ќе биде MEB дизјанот што прво беше претставен во Volkswagen Budd-e concept покажан на CES во 2016 година. Истата платформа ќе се појави во многу други електрични возила на VW, вклучувајќи го и „намелениот“ I.D.concept каде ќе се користи.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK