Во 2019 година компанијата Audi ќе претстави два нови концепти за иднината, кои своето деби ќе го имаат на саемите во Шангај и во Франкфурт. Секој од нив ќе ја покаже насоката по која ќе се развива дизајнот на идните модели на германскиот бренд. Информацијата веќе беше потврдена и од дизајнерот на Audi, Марк Лихте така што сега може само да се очекуваат промоциите.
„Ние ги покажуваме концепциските модели како Q4 e-tron, но во интерес на вистината, во тој случај повеќе или помалку станува збор за автомобил, кој е речиси подготвен за производство. Во исто време имаме и автомобили кои покажуваат што може да се очекува од Audi по 10 или 15 години како Aicon. По еден таков концепциски модел ќе има и во Шангај и во Франкфурт“, вели Лихте.
Тој објасни дека E-tron GT и Q4 e-tron ќе го покажат дизајнот на следната генерација на модели на брендот, кој ќе се појави во рамки на следните три години.
„Во Шангај ќе ја покажеме нашата визија за електромобил, кој ќе се појави за десет години. Исто така ќе видите насока во која Audi го зема дизајнот. Ова важи и за ентериерот, а ќе видиме како тој ќе се одрази на четвртото ниво на автономија, интересно е како ќе изгледаат купеата на автомобилите без волан“, коментираше Лихте.