Audi ќе ја намали емсијата на CO2 за 30 отсто на своите возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката во Брисел во која се произведува моделот e-tron, Audi веќе постави производство на автомобили неутрални на CO2. Планот е амбициозен, а целта е да се намали емисијата на штетни гасови во возилата до 30 проценти до 2030 година, а до 2050 година планот е да се биде неутрален по прашањето за климата во целата компанија.

Audi во моментов се потпира на своите електрични автомобили, e-tron, претставни пролетта, а би требало да следува e-tron Sportback, a подоцна и e-tron GT и Q4.

До 2025 година Audi сака на пазарот да лансира 30 електрифицирани модели од кои 20 се потполно електрични. Се очекува во 2025 година да има 40 проценти електрифицирани возила во вкупната продажба.

„Сакаме да станеме водечки врвен производител за кој CO2 е неутрален“, вели извршниот директор, Брам Шот.

Audi се фокусира на заштита на климата со своите доставувачи. Во фабриката во Брисел, во која се произведува модел e-tron, Audi веќе постави производство неутрално на CO2. А после тоа ќе ги организира на ист начин и другите фабрики, а прва на ред е онаа во Ѓер во Унгарија.

Добар пример за нивното настојување е лакирницата во Ѓер во која Audi го тестира новиот медот на запечатување на каросеријата. Материјалот за запечатуваењ во облик на паста се нанесува на подрачјето кај заварените шавови што ја подобрува акустиката на возилото, го штити од корозија и ја запечатува внатрешноста.

Новиот метод дава потполна слобода во одредувањето на дебелината и шрината на материјалот кој се приенува. Тоа овозможува побрзо нанесување на материјалот о со најголема прецизнос. Новата автоматизирана постапка е позната под името дигитално запечатување.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK