Audi ќе има работна 2018 година со многу новитети

ОБЈАВЕНО НА:

Во Audi продолжуваат да работат на разбојот на своите модели за 2018 година и веќе е јасно што може да се очекува до крајот на оваа година. Веќе се најавени Q8 и новата генерација на А6, а во следните 11 месеци ќе се појави и А1 Sportback, како и кросоверите SQ2 и Q3.

Исто како кај А3 и следното субкомпактно А1 повеќе нема да се произведува во верзија со три врати. Моделот ќе биде изграден на модулната МQB платформа, на која се прават и Audi TT и Q2. Производството ќе биде преместено од Белгија и ќе продолжи во фабриката на Seat во Шпанија.

SQ2 ќе добие дволитрен четирицилиндричен турбо мотор од Аudi S3. Моќноста ќе биде 300 коњски сили, а максималниот број на вртежи 380Hm. Кросоверот Q3 исто така ќе биде правен на MQB платформата, а основниот агрегат ќе биде со три цилиндри.

Во 2018 година, Аudi ќе го претстави и целосно електричниот кросовер е-Tron. Прототипот на тој автомобил e-tron Sportback беше покажан на самот за автомобили во Шангај во 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK