На настанот на беспилотни летала „Drone Week“ во Амстердам, компаниите Audi, Airbus и Italdesign го претставија својот заеднички проект за летачко такси Pop.Up Next. Иновацискиот проект се состои од автономен електромобил, дрон и патнички модул.
Прототипот за демонстрација е изработен во смалена варијанта, во размер 1:4, но од Audi тврдат, дека уште во текот на следната деценија такви превозни средства ќе бидат ставени во функција и од нив сите ќе имаат можност да имаат корист.
Летачките такси ќе се користат за патување во големите градови и ќе нудат далеку поефективна алтернатива на сегашните такси возила. Предноста е во умното планирање на патот кој вклучува дижење, како низ улиците на градот така и по воздух.
Капсулата на летечкото такси е дизајнирана за двајца, во зависност од потребите или поврзува или кон електромобил или кон дрон. Модулите можат самостојно да одат во станиците за полнење кога електричната енергија се намалува.