Германските медиуми пренесуваат дека Audi во својата фабрика за мотори во близина на Ѓер, Унгарија започна со интензивно производство и почеток на реализацијата на планот за зголемување на производството.
Така веќе следната година годишното производство ќе изнесува 2,25 милиони мотори што е значајно зголемување во однос на производството минатата година кога се произведени 1,95 милиони мотори.
“Планираат да произведат 2,25 милиони мотори следната година, а оваа година достигнаа рекордни 2 милиони” изјави Петер Сијарто, министер во унгарската Влада.
Он оваа изјава ја даде по шпекулациите дека Audi планира намалување на бројот на вработени.