Audi го тестира Q8 кај Дедо Мраз

ОБЈАВЕНО НА:

На првиот саем годинава, оној во Детроит беше прикажан како концепт Audi Q8, но истот веќе се тестира како сериски модел. Според папарацо фотографиите овој прототип е веќе во финална каросериска верзија, и се вози во Лапонија, заедно со Q7. Првите фотографии покажуваат дек новиот модел е понизок и веројатно поширок од неговиот роднина.

Надворешната линија на покривот „паѓа“ кон задниот дел, и тоа повеќе во однос на Q7. Во прес материјалите при претставувањето на концептот се вели дека Audi направил „емоционална линија на купе“. Со оглед на тоа што сега се тестира, можни се промени додека се избере конечниот изглед. Но, веројатно е дека она што ќе се појави во салоните нема да биде толку возбудливо како што беше концептот.

Новиот СУВ би требало да почне да се продава во 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK