Она што и се очекуваше сега доби и официјална потврда. Германскиот производител Audi во рамките на саемот во Лос Анџелес го претстави концептниот модел e-tron GT.
Според она што е најавено, овој модел во продукциската изведба ќе има погон на сите четири тркала, а максималната автономија ќе изнесува речиси 450 километри. Од претходно, шефот за развој на Audi, Улрих Видман обелодени дека овој модел ќе се темели на платформата J1 кој ја користи Porsche Taycan.
Она што со гордост го најавуваат од Audi е можноста за брзо полнење на батеријата. Така за само околу 20 минути ќе може да се наполни дури 80% од капацитетот на батеријата.
Според шпекулациите, производството на овој модел се очекува да започне кон крајот на 2020 година, а на пазарот ќе биде понуден како алтернатива на Tesla Model S P100D.