Германскиот производител Audi од американскиот пазар ќе ги повлече сите 856 примероци од моделот E-Tron испорачани во иницијалниот месец од производството.
Како главна причина за ваквиот потег од Audi објавуваат дека е потенцијалната можност од појава на пожар во периферните компоненти на главната батерија. Audi ќе ги повлече и сите испорачани модели, кои во САД изнесуваат околу 540, додека вкупната бројка во глобални рамки изнесува 1.644 примероци.
Инаку овој електричен компактен SUV располага со четири места и со должина од 4,59 метри. Има и странични камери кои продуцираат слика на OLED екраните поставени на внатрешната страна од предните врати. Со вградената батерија овој автомобил може да помине до 400 километри, а двата мотори продуцираат над 400 КС што го прави доста моќен автомобил.
Покрај моделот X на Tesla, главни конкуренти на овој аудиев модел во моментов се и Jaguar I-Pace чија цена започнува од 58 илјади фуни и Mercedes EQC.