вторник, 25 декември, 2025 година

Audi го потврди доаѓањето на освежениот TT (видео)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

И официјално германскиот производител Audi го потврди освежениот TT. Овој модел кој се појави пред точно 20 години добива фејслифт изведба на актуеланта трета генерација која како таква ќе биде достапна во купе и кабрио изведба.

Во онлајн премиерата на овој модел може да се виде дека екстериерно нема многу големи измени. На предниот дел доминира тридимензионалнта т.н. Singleframe маска со зголемени отвори за воздух. Тука се наоѓаат и малите измени на предниот и задниот браник каде се наоѓаат четири отвори за издувни гасови, одлично вклопени во долниот браник.

- Advertisement -

Внатрешноста е за ниво помодернизирана и освежена во однос на претходниот модел. Тука доминира 12.3 инчниот виртуелен кокпит кој веќе е составен дел од најголем дел од поновите модели на германскиот производител.

Audi TT facelift

Под хаубата TT моделот ќе го има стандардниот 2.0 литарски мотор кој располага со 197КС и 320 Nm. Достапни ќе бидат и 1.8 литарскиот и 2.5 литарскиот мотор, а во зависност од моторот, подновениот TT ќе биде достапен со шест степен мануелен менувач како и шест степен S tronic менувач.

Според пишувањата во Германија, официјално, овој модел ќе се појави на крајот на годината, а цената во Германија за основниот модел ќе изнесува 35.050 евра за купе изведбата односно 37.500 евра за кабрио изведбата.

 

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја