Од Audi се изјаснија околу плановите за во иднина и најавија појава на целосно нов спортски GT модел, кој ќе биде со целосно електричен погон. Засега оваа е кратката информација за новото Audi e-tron GT бидејќи од компанијта коментираат само за тоа дека имаат еден исклучително прогресивен поглед кон иднината на спортските автомобили, а особено за иднинаа на Audi Sport.
Спортското електрично GT ќе се произведува во заводот Böllinger Höfe до Некарсулм, а појавата на пазарот ќе биде во следната деценија.
Покрај ова од Audi исто така велат дека до 2025 година ќе располагаат со повеќе од 20 електрични модели, а тоа би требало да биде една третина од вкупната бројка од марката.
Инаку, и годинава има план за промоција за нови модели, а нивната бројка ќе биде поголема од кога било досега. Основен акцент ќе биде ставен одновно на електрификацијата.