За време на годишната средба на бордот на директор на Audi, Питер Мертенс, кој е дел од раководството потврди дека целосно новиот автомобил Q8 ќе биде виден во јавност во текот на јуни.
„Новото лице на Q серијата“ ќе се појави на специјалниот собир во Шангај, со оглед на тоа што Кина ќе биде еден од основните пазари за возилото.
Серискиот Q8 многу ќе наликува на концептот со исто име, кој Audi го покажа на саемот во Детроит минатата година. Истото ова важи и за пропорциите и размерите на автомобилот, кој е изграден на платформата MLB-Evo. Q8 ќе застане над Q7, а главни ривали на Q8 ќе бидат Mercedes GLE Coupe и BMW X6.
Интересен момент од дизајнот на Q8 е тоа што креаторите се обиделе да го доближат до оригиналниот Ur-quattro од 80-тите, а тоа најлесно се гледа при оформувањето на последната колона и „веѓите“ над браниците.
Сосема сигурно е дека сериската верзија на Q8 ќе ја завземе целата движечка гама на Q7 плус дизел V8 агрегатот, кој се користи кај SQ7. Ако се појави RS Q8, навројатно таа верзија ќе биде придвижувана од V8 бензинов битурбо мотор од Lamborghini Urus.
Сè уште не е познато кога точно ќе биде премиерата на Q8, со оглед на тоа што претходно Audi планира да го претстави новиот А6 така што ќе треба да се почека уште малку за новиот голем СУВ на германското возило.