Audi ги почести „кралевите“ со нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја година при крајот на ноември, фудбалерите на Реал Мадрид добиваат нови лускузни автомобили од страна на спонзорот на тимот, Audi. Германскиот производител е во соработка со кралскиот клуб од 2003 година и оттогаш ги чести фудбалерите со најновите модели пред крајот на секоја календарска година.

За фудбалерите на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите најпопуларен беше Q7 кој беше избран од страна на Касемиро, Герет Бејл и Лука Модриќ. Кристијано Роналдо се одлучи за RS7 Soprtback, додека голманот Кико Касиља беше нешто подрзок и го одбра дизел чудовиштето SQ7 TDI.

Тренерот Зинедин Зидан доби клучеви од сив RS6 Avant, додека капитенот Серхио Рамос се одлучи за најскапото и луксузно возило, бел R8 Spyder.

Real Madrid

Еден интересен момент е врзан со Карим Бензема кој кон крајот имаше судир со своето Audi RS6, па овој пат доби поинаков модел. Во иднина ќе вози Аudi RS 5 Coupe.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK