Audi ги објави плановите за Q8 и Q4

ОБЈАВЕНО НА:

Audi ги објави производните планови за нивните СУВ возила, Q8 и Q4 покажувајќи ја намерата на луксузниот бренд во VW групацијата за нова офанзива во сегментот на на СУВ и кросовер возила. Знаменосецот Q8 ќе почне да се произведува следната година во фабриката во Братислава, Словачка. Моделот Q4 ќе почне да се произведува во 2019 година во фабриката во Ѓер, Унгарија.

Овие СУВ возила ќе ја зголемен конкурентноста на Audi во еден многу важен сегмент, изјавил Хуберт Валтл, шефот на производство на Audi.
Од сегашните четири модели во понудата, Audi до 2019 ќе има вкупно седум модели и се предвидува дека продажбата н атаквите модели може да достигне до половина од вкупниот обем на продажба, од сегашната третина.

Моделот Q8 кој ќе има купе изглед ќе му се приклучи на Q7 во врвот на понудата, а овој модел Q7 веќе се произведува во фабриката во Братислава, на истата платформа на која се и Bentley Bentayga, Porsche Cayenne и VW Тouareg. Во истата фабрика се произведуваат и моделите VW up, Seat Mii и Skoda Citigo.

Производниот модел на Q8 ќе се базира на Q8 Sport Concept што беше покажан во Детроит во јануари.
Моделот Q4 исто така ќе има купе изглед, и ќе биде позициониран меѓу Q3 и Q5. Се очекува да го следи изгледот на TT Offroad concept што беше прикажан во 2014 година на саем во Пекинг. Во моментов во фабриката во Ѓер се произведуваат моделите A3 и TT.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK