Audi A6 се тестира во Скандинавија – подготвен за деби во 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста за Audi A6 не престанува, па останува подеднакво омилен како за семејно возило така и за деловен автомобил. Неговата петта генерација се очекува во 2018 година. Моделот веќе се тестира на патиштата, и нормално добро камуфлиран за да неможе да се забележат сите детали.

Со оглед на тоа што тестирањата се вршат на јавни патишта можно е истиот да е веќе во завршна фаза на подготовка. Франкфурт, на есен е домаќин на саемот на автомобили и веројатно е дека Германците можат да го искористат како поле за претставување.

Дел од тестирањата мора да се завршат и на јавни патишта, а таму секогаш постојат папарацо фотографи. Така се направени и овие фотографии.
За да се заштитат одредени елементи се користи камуфлажа, а некои делови од каросеријата се покриваат со панели, за новиот модел да остане непознат за јавноста.

Сепак може да се види дека новиот Audi A6 има доста сличности со помалиот А4 и поголемиот А6, бидејќи ги врзуваат исто детали. Се чини дека А6 ќе има повеќе стаклеми површини во однос на претходникот, но сето ова може да биде и оптичка илузија. Изгледот покажува дека возилото е можно да има и подобрена аеродинамика, што би значело и помала потрошувачка на гориво.

Во внатрешноста покрај големиот простор за патниците се очекуваат и многу гаџети што веќе ги има во BMW series 5 и Mercedes Benz E Class. Можно е дури и да ја добие централната конзола што ја имаше Prologue concept.

Иако нема се уште официјална потврда се очекува Audi да подготви необично широка понуда на мотори, вклучувајќи и хибридни верзии. Идната верзија на RS6 ќе има 4.0 V8 мотор сличен на Porsche Panamera Turbo.

Audi prologue avant concept

Новиот Audi A6 ќе биде достапен во седан и караван верзија, а потоа набрзо би се комплетирала понудата и со A6 Allroad.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK