Audi A6 Avant веќе и како плаг-ин хибрид (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Audi ја прошири својата продукциска понуда со плаг-ин хибриди со воведувањето во продажба на караванот A6 Avant TFSI e quattro со основна цена од 71.940 евра на територијата на Германија. Хибридниот погонски систем на Audi A6 Avant TFSI e quattro е со максимална моќност од 367 коњски сили, а во чисто електричен режим, комбито може да помине до 51 километар.

Новото Audi A6 Avant 55 TFSI e quattro е опремено со дволитарски TFSI мотор со максимална моќност од 252 коњски сили и максимален вртежен момент од 370 Нм, електромотор со моќност од 143 коњски сили и вртежен момент од 350 Нм, седумстепен S tronic роботизиран менувач и интегриран батериски блок со капацитет од 14,1 kWh.

A6 Avant 55 TFSI e quattro ветува можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,7 секунди и максимална брзина на движење од 250 км/ч, а во чисто електричен режим комбито може да развие брзина до 135 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK