Audi A3 падна на тестот за азотни оксиди

ОБЈАВЕНО НА:

Најпродаваниот модел на Audi, не го мина тестот за нивото на азотен оксид, и испуштал двојно повеќе од дозволеното. Тестирањето го вршел Заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија каде било утврдено отстапувањето на податоците на NOx.

На две спроведени тестирања Audi A3 испуштал двојно повеќе азотен оксид од дозволеното, иако еден тест бил направен кога моторот не бил доволно загреан. Од компанијата велат дека немаат информации за овие тестирања, и дека неодамна нивното возило било подложено на тестирање, но дека се било во ред.

Audi не е единствената марка како дел од VW која се соочува со вакви проблеми. Германското министерство за сообраќај под лупа го стави и Porsche.

Повеќе од една година компанијата Volkswagen има проблеми околу испуштањето на штетни гасови и нивното дозволено ниво. Досега компанијата е казнета со 19 милијарди долари заради спорниот софтвер на 2,0 и 3,0 TDI мотори. Околу 11 милиони возила го имаа овој проблем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK