Се очекува првите автомобили да се појават во 2020 година, а ќе бидат произведени само 25. Сите се веќе продадени.
Тимот на Red Bull дизајнерот Адријан Њуи помагаат во Aston Martin за изработка на хиперавтомобилот кој ќе може да развие брзина од 400 километри на час. Aston Martin веќе напредува со работата на новата верзија со спецификација од Формула 1 – Valkyrie AMR Pro, па ова е предизвик и за Ф1-тимовите.
Новата Valkyrie ќе биде придвижена од 6,5 литрен V12 мотор кој е од Cosworth и е способен за поголема моќ и поголем број на вртежи благодарение на мофицикации во издувниот систем. Покрај тоа е подобрен и аеродинамичниот пакет со поголеми предни и задни крила што го зголемува потисокот.
Поддржувајќи ја Формула 1, автомобилот ќе користи сопирачки од карбон, а секаде каде што може да се намали тежината и може да се користи истиот материјал ќе биде заменето. Покрај тоа предното и страничните стакла ќе бидат направени од поликарбонат.
https://youtu.be/LydW2ahRqG0
Сето ова би требало да помогне да се надмине максималната брзина и да се стигне околу 400 километри на час. Инаку, симулациите покажуваат дека автомобилот ќе биде способен за да конкурира на времињата по круг кои ги постигнуваат во Формула 1, но и на оние кои се тркаат на „Ле Ман“.