Во пресрет на глобалното лансирање кое е зкаажано за во декември годинава, Aston Martin објави уште едно видео наменето за моделот DBX.
Во видеото е прикажан автомобилот, а може да се види и формата на ознаката DBX која ќе биде на задниот дел од автомобилот.
Од претходно е познато и дека овој модел под хаубата ќе располаг со 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.
Производството на овој модел ќе започне на почетокот на следната година, а ќе се спроведува во новата фабрика во Ст. Етан. Нарачките за овој модел ќе започнат да се примаат уште овој месец.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]