Со ново, 45 секундни видео британскиот производител Aston Martin претстави нови елементи од долго најавуваниот DBX, модел кој воедно е и првиот SUV на овој производител.
Премиерата на овој модел е закажана за во декември, а веќе постојат неколку шпиунски фотографии од кој може да се види изгледот, но познати се и техничките спецификации.
Под хаубата располага со 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.
Производството на овој модел ќе започне на почетокот на следната година, а ќе се спроведува во новата фабрика во Ст. Етан. Нарачките за овој модел ќе започнат да се примаат уште овој месец.