Четирикратниот светски првак во Ф1, Себастијан Фетел од следната 2021 година ќе биде дел од тимот на Aston Martin. Во моментов тимот го носи името Racing Point Team но од следната сезона ќе се преименува во Aston Martin.
Фетел кој зад себе има 53 Гран при победи и 67 пати се искачил на подиумот досега настапуваше за Ferrari, но сезонава има разочарувачки резултати.
Тој најавуваше дека доколку не добие интересна понуда ќе се повлече од „летечкиот циркус“ но Фетел на крајот сепак реши да остане во Ф-1, селејќи се во тим со кој реално ќе нема шанси да атакува на нова шампионска титула.
„Пресреќен сум што конечно можам да споделам вести за мојата иднина, со гордост објавувам дека ќе возам за Астон Мартин во 2021 година. Ова е нов предизвик за мене со една ваква легендардна компанија за автомобили. Импресиониран сум од резултатите на тимот што ги постигна годинава и верувам во иднина ќе бид еуште подобра, се вели со тимското соопштение.
„Енергијата и посветеноста на Лоренс Строл кон Формула 1 се инспирација за многумина, верувам дека заедно можеме да оствариме нешто специјално“
CONFIRMED: Four-time @F1 World Champion Sebastian Vettel signs up for 2021 and beyond 🖋️
Get the full story right here ⬇️https://t.co/zI8JeBEemc #F1
— Aston Martin Aramco F1 Team (@AstonMartinF1) September 10, 2020