Aston Martin има амбициозни планови за продажбата на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно производителите на автомобили се вртат кон електричните возила и нивниот развој, на сметка на оние со традиционално опремени мотори. Aston Martin е само еден во низата производители кои во наредниот период ќе ја имплементираат својата стратегија за електрични возила.

Според истата, до 2025 година, продажбата на електрични возили треба да сочинуваат 20% од вкупниот број на продадени возила на глобалниот пазар.

Ова за британските медиуми го изјави Тобиас Моерс, првиот човек на овој производител кој најави дека во текот на 2023 година ќе пристигне и plug-in хибридната верзија за луксузниот SUV, DBX.

Со цел да се оствари зацртаната цел, Aston Martin ќе објави неколку plug-in хибридни и електрични возила, а при тоа во целост ќе соработува со Mercedes.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK