Aston Martin DBX на пазарот од декември годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Aston Martin ги разреши сите дилеми откако најави дека новиот кросовер DBX на глобалниот пазар ќе се појави во декември годинава.

Веќе неколку месеци наназад, Aston Martin објавува тизери од тестирањето, но без при тоа да појасни кога ќе го лансира овој модел. Сепак првите нарачки ќе започне да се примаат уште следниот месец и тоа во рамките на традиционалниот Pebble Beach Concours d’Elegance настан кој се одржува во САД.

Под хаубата ќе располага со 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.

Производството на овој модел ќе биде во новата фабрика во Ст. Етан, а продажбата ќе започне кон крајот на оваа година. Со овој спортски карактер, Aston Martin ќе го нападне премиум SUV сегментот особено Lamborghini Urus и Porsche Cayenne.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK