Иако премиерата е закажана за во декември, изгледот на првиот SUV на Aston Martin е познат откако на интернет се појавија првите шпиунски фотографии од “голиот” DBX.
На предниот дел доминира препознатливата маска на ладилникот, а тука се и светлата кои се во форма како и кај другите модели на Aston Martin.
Под хаубата располага со 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.
Официјално, од британскиот производител наведоа дека патеката во Нирбургринг овој SUV ја извозе за помалку од осум минути, но не се открива податокот околу забрзувањето до 100 км/ч.
Производството на овој модел ќе започне на почетокот на следната година, а ќе се спроведува во новата фабрика во Ст. Етан. Нарачките за овој модел ќе започнат да се примаат уште овој месец.