Асфалтот се меша со пластичен отпад – нова технологија за асфатлирање улици со намалени трошоци

ОБЈАВЕНО НА:

Во Индија заврши изградбата на 100.000 километри патишта во чиј асфалт е користен пластичен отпад. Овој амбициозен проект Владата на Индија го стартуваше во 2016 година кога тогашниот министер за сообраќај објави дека пластичниот отпад ќе се користи во нивната изградба.

Во овие патишта, поточно во асфалтот, користен е пластичен отпад кој учествува со од 6% до 8% како и битумен чиј процент се движи од 92% до 94%.

Надлежните инжинери издадоа и публикација за овој зафат. Во истата пишува дека за еден километар пат потребен е околу девет тони битумен и еден тон пластичен отпад. Се наведува дека со овој начин на изградба на патиштата не само што се намалува отпадот односно има позитивно влијание врз екологијата, туку и се намалуваат трошоците за изградба.

Колку се квалитетни и издржливи овие патишта останува времето да покаже.

Ако се зголеми свеста кај нашите граѓани сигурно е дека ќе се намали отпадот на пластика и ќе можеме да очекуваме и асфалтирање на многу нови делници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK