Armada е тука – мали екстериерни ама големи технолошки измени

ОБЈАВЕНО НА:

Азијските производители оваа есен имаат вистинска доминација. Речиси да нема ден, а од некој од производителите од Кина, Јужна Кореја или Јапонија да не дојде некој новитет.

Nissan е последниот кој објави новитет. Станува збор за фејслифтот на втората генерација на Armada чие производство стартуваше во јуни 2016 година.

Екстериерно доаѓа со мали измени. На предниот дел има нов браник, модифицирана предна маска и предни светла. Истото се однесува и за задниот дел.

Nissan Armada

Тука е новата LED технологија, новиот 12,3 инчен екран осетлив на допир и дигиталната 7,0 инчна инструментална табла, можноста за бежично полнење на мобилни уреди, амбиенталното светло, двозонската клима, нови кожни седишта со греење и автоматска меморија…

Тука е и системот за избегнување на судар, сензорите за мртва точка и бројни други системи за безбедност и асистенција на возачот.

Под хаубата доаѓа со 5,6 литарски V8 мотор кој продуцира 400 КС и 560 Nm обртни моменти во комбинација со седум степен автоматски менувач, но и достапен на погон со сите четири тркала.

Nissan Armada

Во продажба овој SUV доаѓа во првата половина следната година. Производството како и досега ќе се спроведува во Фукуока, а главен пазар ќе биде американскиот каде ќе конкурира на Toyota Sequoia, Ford Expedition, Chevrolet Tahoe/GMC Yukon и Toyota Land Cruiser.

Цената засега останува непозната.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK