Apple пушти во продажба екстремно брз компјутер

ОБЈАВЕНО НА:

Аpple го пушти во продажба најскапиот компјутер кој досега го има произведено, а станува збор за новиот iMac Pro. Она по што овој компјутер се дели од другите на прво место е цената од 4999 долари, а на второ тоа што е првиот од својата серија и ветува да биде најмоќниот компјуер.

Овој компјутер би можел да најде свое место и во светот на автомобилите со оглед на тоа што се работи за машина која е насочена кон професионалците и која дава можност за за широка употреба на графики, создавање на содржина за виртуална реалност и 3D рендерирање во реално време.

Новиот iMac Pro ќе има процесор Xeon со 3 GHz, 128 GB Ram и 2 TB флеш меморија. Тоа би требало да значи дека ќе биде брз како светлината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK