Од Аpplе патентираа технологија, која овозможува моментално откривање на микропукнатините на шофершајбните на автомобилите. Системот може да се користи и за заштита од крадење.
Инжeнeритe нa Аpplе предлагаат меѓу слоевите на шофершајбните да се стави транспарентна проводна фолија. Тоа ќе дозволи лесно да се откриваат секакви нарушувања во целост, вклучувајќи и микропукнатини.
Основната целн на овој систем е да бидат откриени штети, кои можат да влијаат на работата на загревањето на стаклото. Според Аpplе навремено откривање на таквите проблеми може да им заштеди средства на многу сопственици, а ако станува збор за празнини, кои со тек на времето се претвораат во пукнатини и да го намали ризикот од штети.
Проводната фолија може да се користи и какo средство против крадење. Ако тоа биде вклучено кон борд електрониката на автомобилот, а шофершајбната биде скршена, системот може да го блокира стартувањето на моторот и да испрати соопштение до сопственикот.