Речиси да нема пасиониран љубител на автомобилизмот кој не би сакал да вози на легендарните тркачки патеки како Монца, Нирбургринг, Силверстон и други.
Иако во текот на поголемиот дел од годината, легендарната германска тркачка патека Нирбургринг е зафатена со трки и тестирања, сепак кога тие не се активни истата е отворена за јавноста.
Така доколку сте заинтересирани и нормално имате пари да платите можете да се испробате на патеката Нирбургринг и тоа со вашиот сопствен автомобил. Секако, нема ограничување на видот и староста на автомобилот.
Токму поради тоа на оваа патека може да се забележат автомобили како Fiat Grande Punto, Renault Clio, Golf I и многу други. Овие и други автомобили и нивното управување од сопствениците можете да го погледнете на видеото во продолжение на кое се прикажани инсерти од повеќе настани за јавноста организирани во периодот од 2015 до 2019 година.
Ќе забележите интересни моменти, претекнување, судари, но бидете сигурни дека ќе ви се појави и желба и вие да се испробате на оваа патека.