Безбедноста секогаш е на прво место, а Американците сега сакаат со нов тест да утврдат кое возило е најбезбедно, но истовремено да ги натераат производителите да работат уште повеќе на безбедноста. Американскиот осигурителен институт за безбедност на патиштата (IIHS) ја дополни својата програма за тестирање со нов краш тест. Отсега безбедноста на автомобилите ќе биде оценувана и со преден удар со малку покриеност од совозачката страна на возилото.
Тестот ќе се врши по истите правила кои се применуваат и при фронтални судири судир од страната на возачот. Брзината за време на ударот ќе биде 64 км/ч, а пречката ќе покрива 25% од ширината на каросеријата.
На тој начин сега производителите ќе треба да работат и на поголема безбедност на сопатникот. Новата постапка за оценување се воведува откако специјалисти по сообраќајна безбедност критикуваа недоволните напори на производители за подобрување на безбедноста на десниот дел од каросеријата.
Од IIHS веќе тестирале по овој метод на Ford Fusion, Honda Accord, Lincoln MKZ, Subaru Legacy, Subaru Outbak, Hyundai Sonata, Mazda6, Nissan Altima, Toyota Camry, Volkswagen Jetta, Volkswagen Passat и Chevrolet Malibu.