Во Кина во 2019 година имало 2,58 милиони електрични автомобили, во Европа 970.000 и 880.000 во САД, наведува Меѓународната агенција за енергија, а се предвидува на далечниот исток тој број да се зголемува
Електричните возила се веќе сериозен тренд во светот, а секако големата популарност се должи на Елон Маск и Tesla која успеа да биде најпосакуваниот електричен автомобил. Но, за разлика од тоа што Tesla е американска компанија предвидувањата се дека електричните автомобили произведени во Кина ќе доминираат на глобалниот пазар.
Кога ваквото предвидување ќе стигне од американското бизнис списание „Форбс“, тогаш тоа сигурно „држи вода“. „Форбс“ наведува дека Кина држи чекор со западниот свет кога станува збор за производството на ваков вид возила, па дури во некои сегменти и го надмина.
Кина има и најголем број станици за полнење на батериите на возилата во однос на остатокот од планетата, а тој број се зголемува и претставува 82 отсто од вкупното зголемување на бројот на вакви станици во светот. И тоа е причин аплус се повеќе жители да купат вакво возило.
Во оваа земја се произведуваат електрични автомобили со врвен кавлитет и тие станаа многу конкурентни на пазарот, што може да се потврди од примерот на моделот „Xpeng P7“, што е сличен на „Моделот 3“ на „Тесла“.
Моделот „P7“ има многу атрактивен дизајн, а неговата цена е 36.000 долари. Ова не е единствениот кинески електричен автомобил што е конкурентен со оние од остатокот на светот, бидејќи има и други модели кои се натпреваруваат во другите автомобилски сегменти.
За разлика од минатото сега и во Кина се произведуваат одлични возила, а тие имаат пониската цена, поквалитетен и попривлечен дизајн. Тоа не се единствените предности на кинеските автомобили. Има и други фактори што ги прават се поконкурентни, а еден од нив е фактот дека Кина е најголем производител на литиум во светот – ресурс потребен за производство на батериите.