Специјализираниот интернет сајт за објавување на статистички податоци и истражување, Statista објави истражување поврзани со навиките на американците во однос на начинот на патување до своето работно место.
Според податоците 77% од американците на работа одат со својот автомобил, процент кој покажува дека пад во однос на 2007 година за 8%. Од истражувањето може да се утврди раст во однос на американците кои користат масовен (јавен) транспорт. Така овој процент од 4% во 2007 година бележи зголемување на 6%. Зголемување има и кај оние кои пешацат до своето работно место и тоа за 2% односно од 3% во 2007 година на 5% во 2018 година.
Минимално зголемување од 1% има и кај оние кои на работното место одат со велосипед. Овој процент е многу помал од на пример европските земји. Така според релевантните истражувања, во белгискиот град Антверпен дури 39% од вработените на своето работно место одат со велосипед, а над 20% од вработените во Берлин и Цирих на своето работно место одат со велосипед.
Инаку истражувањето е спроведено од реномираната компанија за истражување Gallup, а користен е примерок од 1.024 испитаници.