Американците му веруваат само на еден европски бренд!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува возило меѓу основните правила се тој да ви се допаѓа, да биде евтин и пред сѐ доверлив, значи да ве служи верно додека сте пријатели. Секоја година се прават различни анализи за тоа кои возила да се избегнуваат бидејќи се покажале како недоверливи, но истовремено и се препорачува кои автомобили е добро да ги имате бидејќи покажале најдобри резултати во истражувањето.

Извештајот на потрошувачите е истражување што секоја година се врши во САД, каде се собираат податоци од повеќе од 640.000 возила. Врз основа на тие резултати направена е студијата за најдоверливите возила на пазарот за оваа година.

Она што е интересно е дека американците и веруваат само на една европска марка – на AUDI. Во Топ-10 само Audi е од европските брендови.

Еве ја листата на Топ-10 доверливи брендови:
10. Kia Niro
9. Toyota86/Subaru BRZ
8. Lexus ES
7. Lexus GS
6. Audi Q3
5. Toyota RAV 4
4. Lexus IS
3. Toyota Prius V
2. Toyota Prius C
1. Infiniti Q70

Следете не и на:

24AUTO NETWORK