Американските сенатори во борба против „заборавање деца во возилата“

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоци од САД, од 1990 година досега повеќе од 800 деца ги загубиле животите во САД откако биле оставени во возилата. Сега група на конгресмени притискаат за донесување на нова легислатива со што ќе се стави крај на заборавањето деца во возилата.

Наречено HOT CARS (Helping Overcome Trauma for Children Alone in Rear Seats), иницијативата во предлозите има барања за воведување на нова технолгија од авто производителите со која возачот веднаш откако моторот ќе биде сопрен со работа ќе биде предупреден дека во автомобилот има патник на задните седишта.

Оваа технологија веќе ја има, и тоа во некои модели што годинава се појавија од General Motors со „Rear Seat Reminder“ потсетник. Ако предлогот се прифати тогаш сите нови возила ќе мораат да имаат сличен систем за предупредување што би било стандард уште при производство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK