Американските крадци преферираат јапонски возила

ОБЈАВЕНО НА:

Американското национално биро за криминал во делот на осигурувањето во САД објави интересна статистика која покажува кои автомобили се омилени кај крадците. Податоцит се однесуваат за минатата година, а се однесуваат само за коли произведени во 2016 година.

Покрај тоа има и податоци кои покажуваат кои автомобили се најкрадени воопшто. Инаку, во 2016 година сопствениците на возила во САД биле оштетени 757.800 пати, а тоа е зголемување на кражбите за 7 проценти во однос на 2015 година.

На листата на најкрадени нови возила во САД произведени во 2016:
10. Ford Transit – Во 2016 година се украдени 669 возила.
9. Ford F-Series – 738.
8. Hyundai Elantra – 832.
7. GMC Sierra – 884.
6. Hyundai Sonata – 887.
5. Ford Fusion – 914.
4. Dodge Charger – 945.
3. Toyota Corolla – 982.
2. Nissan Altima – 1063.
1. Toyota Camry – 1113.

Листа на автомобили без разлика на годината на производство:
10. Jeep Cherokee/Grand Cherokee – 9.245 џипови.
9. Chevrolet Impala – 9.749 (Најмногу произведени во 2008 година).
8. Toyota Corolla – 11.989 (Најмногу произведени во 2015 година).
7. Ram – 12.128 (Најмногу произведени во 2001 година).
6. Nissan Altima – 12.221 (Најмногу произведени во 2015 година).
5. Toyotoa Camry – 16.732 (Најмногу проиведени во 2016 година).
4. Chevrolet Silverado – 31.238 (Најмногу проиведени во 2004 година).
3. Ford F-Series – 32.721 (Најмногу произведени во 2006 година).
2. Honda Civic – 49.547 (Најмногу произведени во 1998 година).
1. Honda Accord – 50.427 (Најмногу произведени во 1997 година).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK