Американка си вградила клуч од Tesla во телото (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ејми Дансби, која е жителка на Тексас се одлучи на несекојдневен чекор и во својот организам имплантираше RFID-чип од електромобилот Tesla Model 3. Сега таа може да го користи автомобилот без притоа да носи некаков друг уред за стартување на возилото.

Американката веќе доста време одела на биохакирање со цел да ги смени биолошките функции на огранизмот и уште пред неколку години имплантирала чип-клуч од својот дом. Тој е поставен во нејзината рака, но се покажало дека неговиот чип не може да ги запише податоците од клучот на Tesla и морало да биде извршена нова хируршка интервенција.

За да се добијат податоците од чипот на автомобилот, Дансби требало да го раствори стандарниот клуч-картичката во ацетон, а после тоа да ја обвие пластиката во биополимерен раствор. Процесот по поставувањето на механизмот во подлактицата блогерката го снимила на видео кое го поставила на youtube каналот Amie DD.

Самата компанија Tesla подготвила неколку можности за отклучување на електромобилот. На Model 3 може да се пристапи со апликација за смартфон, со минијатурен клуч или картичка со RFID-чип. Сега клуч-картичката на Ејми Дансби не постои, а девојката може да го користи без никакви други уреди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK