Амбициозен план – VW ќе има 300 електрични модели во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот светски производител на автомобили Volkswagen вети дека ќе инвестира милијарди евра во развојот на нови електрични возила. До 2030 година компанијата планира да воведе електрична верзија на своите модели, кои се вкупно околу 300 на број, пишува BBC.

Германците ќе инвестираат до 20 милијарди евра во зелени возила. Се додека не се појави скандалот со мамењето со резултатите од издувните гасови на возилата на Volkswagen, производителот не беше многу насочен кон електричните возила.
Сега планира да се натпреварува со Тесла и други производители на електрични возила.

“Компании како Volkswagen треба да се водечки, не да заостануваат”, – изјавил за BBC, генералниот директор на Volkswagen, Матијас Милер, објавувајќи ги плановите на групата во пресрет на автомобилскиот саем во Франкфурт.
“Корисниците имаат потреба од еколошки автомобили. На луѓето им треба чист воздух и ние сакаме да дадеме свој придонес”, – додава тој.

Германскиот производител на автомобили планира да понуди 80 нови електрични автомобили до 2025 година. Претходно уште една компанија од Германија, Daimler вети дека до 2022 година ќе понуди целосно електрична верзија на автомобили Mercedes-Benz.

Сепак VW стана првиот голем производител на автомобили кој најави пуштањето на електрични возила на масовен пазар. Велика Британија и Франција веќе ги објавија своите планови за борба против загадувањето на воздухот. Од 2040 година најверојатно ќе биде забрането да се продаваат нови бензински или дизел автомобили. Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот, исто така објави слични мерки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK