Алонсо следната година ќе вози на Дакар – ова е неговиот нов тим

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот светски првак во Формула 1, 38 годишниот Фернандо Алонсо следната година ќе се натпреварува во престижното рели Дакар и тоа за тимот на Toyota Gazoo Racing.

Ова официјално го потврди јапонскиот производител, но и самиот Алонсо кој изјави дека е возбуден за новата авантура.

“Наредните неколку месеци ќе тренира запознавајќи го Hilux и работејќи со тимот. Секогаш сакам нови предизвици во различни дисциплини” изјави Алонсо.

Поранешниот Формула 1 возач на Minardi, Renault, McLaren и Ferrari ќе го вози моделот Hilux, а во сезоната 2020 ова натпреварување за прв пат ќе се вози во Саудиска Арабија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK