Алкотест како дел од сериска опрема во возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемот со „фатените“ и пијани возачи секогаш е присутен, а полицијата станува сѐ поригорозна кога ќе открие некој да вози под дејство на алкохол. Сите се обидуваат да најдат начин како да го превенираат возењето под дејство на алкохол.

Hitachi разви нов систем за детекција на присуство на алкохол во здивот на возачот што ќе им биде понуден на проозводителите на автомобили за да може да го вградуваат како сериски дел од опремата на возилото.

Умниот систем има можност да го одреди количеството на алкохол во телото преку здивот на возачот, а притоа умна камера да ја анализира зеницата од окото и целото лице за да с еувери дека тоа сте навистина вие.

Ако камерата изврши позитивна идентификација, а контролата на алкотестот покаже дека се во состојба да го управувате возилото дури тогаш ќе можете да го стартувате автомобилот и да тргнете.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK