Алијансата Rеnаult-Nissаn-Mitsubishi веќе не е најголемиот производител во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година сојузот Rеnаult-Nissаn-Mitsubishi успеал да продаде дури 10.298.000 автомобили, но оваа бројка е доволна само за 3. Место во рангирањето на најголемите производители во светот за 2019 година. Втората позиција е за Tоyоtа, a на врвот се најде Vоlkswаgеn.

Германците успеале да продадат 10.974.600 нови возила или 1,3% повеќе отколку во 2018 година.

Со 10.714.122 продажби Tоyоtа исто така бележи пораст од 1,4% во однос на претходната година.

Брендовите во составот на сојузот Rеnаult-Nissаn-Mitsubishi, кои станаа најголемиот автопроизводител во светот во 2018 година отчитуваат опаѓање во продажбите од 4,3%. Француско јапонскиот гигант минува низ тежок период после апсењето на Карлос Гон кој прогнозираше банкрот на Nissаn за 2-3 години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK