Alfa Romeo со награда за индустриски дизајн

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo ја доби престижната награда за индустриски дизајн “Златен Компас”. Како што пренесоа италијанските медиуми, Alfa Romeo ја доби оваа награда благодарение на моделот Giulia кој претставува спој на спортски карактер со традиционални италијански облици кои му даваат посебни емоции на овој автомобил.

Оваа награда се доделува уште од далечната 1954 година и истата се доделува на секои три до четири години. Автомобилите како облик односно дизајн ретко се добитници на оваа престижна награда, но оваа година на 25. издание на оваа манифестација која се одржа во замокот Сфорци во Милано, сосема заслужено наградата замина кај италијанскиот производител.

Наградата “Златен Компас” е само една во низата награди со кои се закити Giulia изминатиот период. Претходно овој месец Giulia ја доби престижната австралиска награда за автомобил на годината за 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK