Имаше намера брендот да биде целосно електричен до 2027 година, но така не е повеќе...
Како домино, високите цели за ЕV паѓаат една по друга низ автомобилската индустрија. Alfa Romeo е најновата марка која отстапи од својот првичен план да ги напушти моторите со внатрешно согорување. Италијанскиот бренд, дел од империјата Stellantis, имаше намера да биде целосно електричен во Северна Америка до 2027 година, но плановите се сменија. Новата цел е да се усвои „мулти-енергетска“ стратегија, нудејќи бензински, електрични и приклучни (plug in ) хибридни возила.
Automotive News го цитира шефот на Alfa Romeo за Северна Америка, Крис Феуел за време на NADA Show, велејќи дека принудувањето на дилерите да продаваат само електрични автомобили за само неколку години од сега би било премногу рестриктивно:
„Имаме 110 дилери… во нашaтa САД мрежа, и би било многу голем предизвик за нив да преживеат со портфолио само за BEV“. Компанијата има доволно проблеми како што е, со пад на продажбата за 19% минатата година во САД на само 8.865 автомобили.
Вреди да се напомене дека кога Alfa Romeo првично најави дека ќе оди само на ЕV автомобили на пазарот во Северна Америка, исто така рече дека ќе го стори истото во проширена Европа и Кина.
Дали целта за 2027 година е сè уште применлива во тие региони, не е јасно. Сепак, поранешниот извршен директор Жан-Филип Импарато неодамна изјави дека Alfa може да примени поразновидна погонска група со чување на бензинските мотори на долги патеки, доколку тоа е она што луѓето го сакаат.
Импарато рече дека новиот шеф на компанијата, Санто Фицили, „има флексибилност“ да лансира ICE (со мотори на внатрешно согирување) верзии на замените на Giulia и Stelvio. Двата модели ќе седат на платформата STLA Large, а како што се гледа со Dodge Charger, тој е дизајниран за мотори на бензин и електрични погонски склопови. SUV моделот доаѓа подоцна оваа година, а седанот ќе следи во 2026 година.
Како и другите брендови на Stellantis, така и Alfa Romeo има проблем со залихите. Приближно половина од автомобилите на дилерските парцели во САД се возила од 2024MY (моделска година), така што се планирани попусти за првиот квартал од 2025 година за да се ослободат од непродадените автомобили. За преместување на залихите, доаѓа договор за месечен закуп од 399 американски долари за Tonale со гориво.
А, пак сrossover моделот Junior, првично наречен Milano, не се продава во Америка. Сепак, минатата недела, американските дилери беа прашани дали помалиот crossover треба да добие американска виза за да биде поставен под Tonale.
Во Европа и на другите пазари, Alfa го продава суб – компактниот модел со благ хибриден бензински мотор со три цилиндри, со работен волумен од 1,2- литри, надграден со турбо полнач и како чист EV.
На другиот крај од понудата, Alfa Romeo работи на нов супер автомобил кој ќе го следи 33 Stradale. Тој, исто така, ќе има ретро дизајн и се очекува да се појави на пазарот во текот на наредната 2026 година.
Претходниот предводник беше рекламиран како последен супер автомобил на фирмата со мотори со внатрешно согорување, но со оглед на по лабаво поставените цели за EV, нема да бидеме премногу изненадени ако сè уште и новиот супер автомобил во понудата ќе има верзија на бензин како погонско гориво.