Коронавирусот си го направи своето – продажбата на нови автомобили во Италија и Шпанија доживеа крах.
Во Италија во март се продадени 28.326 нови автомобили што претставува пад од 85% споредбено со истиот месец минатата година, потврдуваат од Министерството за транспорт на Италија.
Буквално сите производители забележаа пад на продажбата. Така Alfa Romeo продаде само 271 нов автомобил, Lancia 514 додека пак Fiat 2.794 автомобили.
Во Шпанија во март се продадени 37.644 нови автомобили што пак е пад од 69% споредбено со март минатата година. Најголема продажба забележа Seat со продадени 4.917 нови автомобили по што следат Toyota и Volkswagen со продадени 3.152 односно 2.790 автомобили.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]