Alfa Romeo од 1937 година победник на Pebble Beach Concours d’Elegance

ОБЈАВЕНО НА:

Заврши уште едно издание на Pebble Beach Concours d’Elegance фестивалот. Како и децении наназад, овогодинешното издание заврши со свечено прогласување на најдобрите, а за севкупен победник е прогласен Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta од 1937 година.

“Како колекционер на Zagato јас отстапив од моите правила и го купив овој автомобил зошто е многу специјален” изјави по добивањето на наградата новиот сопственик на автомобилот Дејвид Сидорик. Од друга страна претседателот на организациониот одбор на овој настан Сандра Батон изјави дека оваа Alfa има се` што може да се посака, брзина, стил и привлечност.

Интересно е што ова е трета награда за овој модел на Alfa Romeo. Претходно истата оваа моделска изведба победуваше во 1988 и 2008 година и во поглед на тоа е единствениот автомобил со три победи, а воедно и единствен модел на Alfa Romeo кој се закитил со ова признание.

1937 Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta

Инаку овој автомобил за прв пат се појавува во далечната 1935 година како наследник на Alfa Romeo Monoposto Type C. Следната година овој автомобил победил на Spa 24 Hours, а тогашни возачи биле Рејмонд Зомер и Франческо Севери. Одлични настапи имал и на Mille Miglia трката завршувајќи на втората и третата позиција. Карактеристично за овој автомобил е 2.9 литарскиот 8 цилиндрен мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK