Она што се шпекулираше подолго време доби и официјална потврда – Alfa Romeo и Sauber и следната сезона продолжуваат заедно.
Тоа ќе биде четврта сезона во Формула 1 заедно откако соработката ја постигнаа во 2018 година.
Мајк Менли, првиот човек на FCA изрази задоволство од продолжувањето на соработката, а истото го направи и Фредери Васур од Sauber Motosport AG кој наведе дека заедно работат активно на подготовката за наредната сезона.
Овој договор следи откако минатиот месец соработката со швајцарско-италијанскиот конструктор ја продолжија двајцата главни возачи, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.