Како што беше познато уште од минатата година, месецов и официјално во фабриката на Maserati во Модена заврши производството на моделот 4C.
Производството на овој модел стартуваше во 2013 година, а дизајнот е дело на Лоренцо Рамачоти од центарот за дизајн на Alfa Romeo. Во изминатите девет години продадени се нешто над 6 илјади примероци.
Покрај купе изведба, овој модел се продаваше и како кабрио т.е. spider изведба. За супер спортските перформанси задолжен е 1,75 литарскиот турбо-бензински мотор кој продуцира 237 КС со максимална брзина од 258 км/ч.
Она што е актуелно периодов е дека овој модел, иако се планираше кон крајот на следната година да добие наследник во понудата на италијанскиот производител, сепак тоа нема да се случи.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]