Акциите на Tesla ја достигнаа најголемата вредност од основањето на компанијата.
Како што пренесуваат медиумите во САД, акциите на американскиот производител достигнаа цена од 612 американски долари по акции. Тоа претставува речиси двоен пораст откако претходно акциите на овој гигант се тргуваа по цена од 385 американски долари.
“Tesla докажа дека е голем конкурент на сите водечки компании” изјави аналитичарот Колин Руш за еминентниот Бизнис Инсајдер. Тој додаде дека во наредниот период треба да се очекува ново зголемување на цената.
Врз порастот на цената на акциите на почетокот на оваа година најголемо влијание имаше објавените податоци за одличната продажба во текот на минатата година како и одлуките за новите инвестиции поврзани со проектите во Кина и Германија.