Ако заспиете зад воланот, Volvo ќе ве однесе дома!

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo не е Volvo доколку постојано не работи и посветува внимание на безбедноста, како на околината така и на самите патници и возач. Последната иновација го прави автомобилот уште побезбеден, а пристигнува во 2021 година.

Станува за иновативен систем според кој доколку заспиете зад воланот, автомобилот ќе ве однесе дома или до друга точка т.е. дестинација што при стартувањето на возилото ќе му ја доделите.

“Volvo ќе може да ве превезе од точка А до точка Б без при тоа да мрднете со прст” изјави потпретседателот на Volvo, Хенрик Грин кој при тоа се послужи со практичен пример во кој возач заспива на воланот, а при тоа автомобилот безбедно ќе го пренесе дома без при тоа да го разбуди. “Компјутерот најпрво ќе го детектира возачот дека е поспан и ќе се припреми возилото за режим на автономно возење” додаде Грин.

Со ова Volvo вовведува нова фаза од автономното возење кое е четврто скалило од максималните пет скалила на автономно возење, а овој систем за прв пат ќе дебитира во следната генерација на XC90 која пристигнува во 2021 година, а при тоа ќе се произведува и во Чарстоун, САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK