Ако заборавате Nissan ве потсетува што има на задното седиште

ОБЈАВЕНО НА:

Многупати се случува само да излезете од автомобилот и во брзање да не погледнете што има на задното седиште. Па морате да се враќате по заборавените предмети. Со новиот систем на Nissan тоа сега нема да ви се случува.

Помошниот систем е наречен Rear Door Alert. Без оглед дали на задната клупа има храна, торба, домашно милениче или пак дете, новиот систем на Nissan ќе детектира дали нешто има заборавено и со звучен сигнал ќе го предупреди возачот.

Системот се деактивира со тоа што возачот мора да ја отвори задната врата за да провери дали нешто има во автомобилот и потоа да ја затвори.
Видеото тоа го објаснува најдобро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK