Ако вака го возите детето во седиште, тогаш грешите!

ОБЈАВЕНО НА:

Сите знаат дека кога имате дете во автомобил тоа треба да биде во свое специјално седиште и со ремени прицврстено за истото. А кога доаѓаат студените денови тогаш родителите често децата ги превезуваат облечени во зимски јакни, замотани со шалови и ракавици. Нормално превентивно со цел да не настинат. Но, дали таквото превезување е правилно?

Организацијата што се залага за безбедност во возењето „Good Egg Safety“ предупредува дека детето што се превезува во седиште, и е облечено во зимска јакна може да влијае на неговата безбедност. А многу често облеката на децата е доста „надувана“ и се користат материјали со цел да им биде топло и удобно. Но, тоа не се однесува и кога дететео е во седната положба.

Од организацијата велат дека дури и кога детето е правилно прицврстено со безбедносните појаси, сепак постои празнина меѓу телото и појасот. Нормално бидејќи никогаш не се користи ременот да се стегне телото на дететот, кое сепак треба да може и да се мрда. Во ситуација кога е со јакна, тогаш има уште поголема можност за лабавост.

Според организацијата детето е безбедно во седиштето само доколку растојанието меѓу појасот и телото е два прста. Нормално е дека постои загриженост дететот да не настине, тогаш најдобро е дететот прво да биде ставено во седиштетот и да се постави појасот, а потоа одозгора да се искористи кебе и детето да се покрие.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK